Продолжение на тринаесеттата седница на Советот на Општина Куманово
Утре ќе се одржи продолжението на тринаесетата седница на Советот на Општина Куманово, која беше прекината на почетокот на месецот. На дневен ред се 5 точки.

Дневен ред
7. Предлог – Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите;
8. Предлог - Решение за именување на членови на Управен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „КУМАНОВО - ПЛАН“ Куманово;
9. Предлог - Решение за именување на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „КУМАНОВО - ПЛАН“ Куманово;
10. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за изнајмување на деловен простор под закуп за потребите на Општина Куманово;
11. Акциски план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Куманово.