×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува проектот бањско-климатска рекреација на пензионерите

    17.01.2018 14:38 | KumanovoNews

     Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија продолжува со реализација на проектот „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија“.

    Продолжува проектот бањско-климатска рекреација на пензионерите

    Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од 15 јануари, па се до 15 февруари 2018 година, може да поднесат барање за користење на услугите од двата проекти во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Право на користење на услугите од овие проекти имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.

    За разлика од претходните години, во 2018 година се овозможува услугата да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември изнесува до 17.000 денари. При бодирање и рангирање на корисниците на пензија единствено ќе се земе во предвид висината на пензијата, при што понискиот износ на пензија ќе има повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава при бодирањето ќе се земе во предвид и износот на пензијата која се исплатува и од другата држава.

    Услугата на Бањско климатска рекреација може да се користи еднаш во период од март до  ноември 2018 година, во траење од 7 дена.

    Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.

    Во изминатите години тоа беа установите: Здравствена установа- природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци Гевгелија, Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација “Катлановска бања“ ДОО Катланово, АД Дебарски бањи Цапа и ЈЗО Бања бањско “Цар Самуил“ Струмица.