×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проект „СТОП за горење на органски отпад – ДА за компостирање„

    08.11.2017 11:40 | KumanovoNews

    Здружението за рурален развој Локална акциона група „АБЕР 2015“ започнува проект со кој ќе ги промовира предностите на создавање на природно ѓубриво кое се користи во одгледувањето на поздрава храна, а се постигнува со процесот на компостирање.

    Проект „СТОП за горење на органски отпад – ДА за компостирање„

    На вчерашната конференција за печат која воедно имаше улога и на промотивен настан на проектот „СТОП за горење на органски отпад – ДА за компостирање„ , организаторите ги објавија своите проектни цели, очекувани резултати и  активности кои ќе бидат реализирани во наредниот период во некои од рурални средини во Општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

    „Главната цел на проектот е:  Зголемување на информираноста и практичните знаења на земјоделските субјекти од микро регионот за компостирање како можност за создавање на поголема плодност на земјоделските површини и намалување на бројот на диви депонии кои се извор на заразни болести и загадувачи на почвата и воздухот во заедницата“, - изјави Елизабета Цветковска, проект менаџер.

    Проектот е наменет за заинтересирани 45 земјоделци од Липково, Куманово и Старо Нагоричане, минимум 3 локални еколошки здруженија и здруженија на земјоделци и претставници на бизнис сектор.

    Имплементатор на проектот е Здружение за рурален развој Локална Акциона Група  АБЕР 2015, а проектот е финансиски поддржан од  Министерство за животна средина и просторно планирање.