×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проект за поголема соработка на невладините и институциите при социјална заштита

    29.03.2018 14:41 | KumanovoNews

    Започна проектот „Проценка на влијание на регулативата (ПВР) од сенка, врз регулативата од сферата на социјална заштита“, кој има за цел да ја зајакне соработката на невладините организации со државните и локални институции во сферата на социјална заштита.

    Проект за поголема соработка на невладините и институциите при социјална заштита

    „Главни активности на проектот се анализите на постоечката правна регулатива на социјалната заштита, потоа ќе следува истражување во североисточниот регион за процесот на вклученост на невладините организации и институции во процесот на ПВР“,  - изјави Денис Илиевски, координатор на проектот.

    Истовремено ќе се изработи упатство за процесот на мониторинг и анализа за членовите на институциите и граѓански организации, а ќе се организираат и работилници за унапредување на вештините за мониторирање и анализа на самиот процес.

    Проектот го реализира Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ со поддршка на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во соработка со Центарот за економски анализи.