Промоција на филм за кошаркарските турнири во Соколана
Во салата на Занаетчискиот дом вечерва(понеделник) ќе се одржи промоција на 5. филм за Соколана од спортскиот новинар Марјан Стошевски, кој се однесува на незаборавните кошаркарски турнири во храмот на спортовите.

Во минатиот век во 50 и 60-те години Соколана била единствена сала од затворен тип на просторите на поранешна Југославија, па во неа се одржувале единствените турнири на овие простори. Првиот турнир се одржал далечната 1947 година, па имале континуитет се до 1978, но со мали прекини.
Во кумановскиот храм продефилирале многу кошаркари од овие простори кои успешно ги совалдувале тајните на оваа игра, а подоцна направиле и успешна кариера. Незаборани игри во Соколана прикажувале кумановските асови Лалевски, Мице Ивановски, Душко Ивановски, Момчило Ивановски, Јакиновски, Петрушевски, потоа македонските асови Лечиќ, Георгиевски, Ѓорѓевски, Књазев, Славниќ, Ќосиќ, Жеравица и други.
Ова е круна на серијалот за Соколана кој во минатиот период интензивно го работев. Филмот за кошаркарските турнири е специфичен, бидејки во него се опишани сите турнири во Соколана, каде на свој нацин актерите ја исказуваат убавата страница од настапите во Куманово. Самите изјави на врвните кошаркарски мајстори зборуваат за големината на Соколана, која даде голем удел во нивните понатамосни кариери. Јас сум задоволен бидејки го исполнив сонот на многуте генерации Кумановци, кои ми даваа несебична подршка да успејам во целиот проект за Соколана - изјави Марјан Стошевски.
На промоцијата на овој филм за Соколана, ќе присуствуваат Немања Ѓуриќ, Мирољуб Дамјановиќ и кошаркарката Јелица Калениќ и многу други кошаркарски легенди.
Настанот започнува во 20 часот.