Промоција на книгата „Говорот на телото“ од Зендел Абедин Шехи
04.12.2017 07:25
| KumanovoNews
Во салата на Занаетчискиот дом во Куманово, денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на книгата „Говор на телото“ на македонски јазик од проф.-др. Зендел Абедин Шехи.

Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото.
Д-р Зендел Абедин Шехи е претседател и основач на ЕУ Институтот за менаџмент, право и дипломатија. Тој е човек со огромно искуство во менаџмент, меѓународно право и дипломатија, но и експерт за говор на тело и комуникација.
Организатор на промоцијата е Библиотеката „Тане Георгиевски“, Фондацијата за култура и Општина Куманово.