Промоција на книгата Љубовни патокази
02.04.2018 07:46
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре ќе биде промовирана книгата Љубовни патокази од д-р. Зоран Крстевски.

Астрологот и филозоф Крстевски пишува за стадиумите на љубовта, врски без обврски, за сродните души, љубов на прв поглед, за разумот и срцето, моќта на страстите и др.
Промоцијата е закажана во 19.30 часот, во малата сала на Центарот за култура.