Промоција на книгата „Пирот на вештерките“ од Даница Петровски
19.06.2018 06:19
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пирот на вештерките“ од Даница Петровски.
Промотори се Филип Петровски и Љубиша Петровски.
Станува забор за збирка поезија, која е впечатливо согледување на она нешто кое е во нас самите, праисконско, понекогаш со напливи на стравопочит кон она што „излегува“ од длабината на психичкоит порив кај човекот, и она надворешното, рационално, навидум сеопфатно и разумно објасниво.