Промоција на книгата „Вез једне младости“ од Теодора Цветковиќ
09.10.2017 08:54
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ (сала Кубус) вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Вез једне младости“ од авторот Теодора Цветковиќ студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Книгата ја издава КУД „Српки вез“ како дел од проектот „Чувари културног наслеѓа-млади и традиција у функции регионалне сарадње“, кој е подржан од Владата на Р.Србија.
Во продолжение на вечерта ќе биде проектиран и промовиран документарниот филм „Ви идите ја неќу“ на режисерот Хаџи-Александар Ѓуриќ, кој е заснован по книгата "Љетопис новог косовског распеќа“ на Митрополитот Анфилохиј.