×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на ново продолжение на документарниот филм „Соколана наша гордост“

    22.01.2018 07:59 | KumanovoNews

    Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток (25.01) во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на четвртиот серијал на документарениот филм „Соколана наша гордост“ од спортскиот новинар Марјан Стошевски.

    Промоција на ново продолжение на документарниот филм „Соколана наша гордост“

    Во документарецот се опишуваат најзначајните моменти од историјата на најстариот спортски објект во градот, соговорници кои изнесуваат свои видувања за улогата на објектот во изминатите децении.

    „Мислам дека Соколана е доста интересна за истражување од повеќе причини. Јас кога истражував по архивите во Македонија, но и надвор од неа, посебен впечаток ми остави големиот ентузијазам на жителите на Куманово во далечната 1922 година, кога била донесена одлуката за изградба на домот. Се собирале парични средства од секое домаќинство, се организирале лотарии, игри на среќи, со еден збор кумановци биле цврсто решени да ја изградат Соколана, и по 7 години макотрпна работа успејале да ја реализираат идејата. Посебно би ја истакнал улогата на тогашната еснафска дружина на Куманово, која била главен протагонист во собирањето на парични средства. Учениците и професорите часовите по физичко образование ги користеле за помош на неимарите кои работеле на објектот, како и сите граѓани на Куманово кои покажале голема солидарност“, - изјави Стошевски.

     На промоцијата се очекува присуство на гости од спортот, а свое обраќање ќе има градоначалникот Максим Димитриевски, светските великани од кошарката: Радмило Мисовиќ, Владимир Цветковиќ, Драгутин Цермак и други. Во забавниот дел ќе настапат кумановците Радослав Митревски и Симеон Бојаџиевски, со репертоар од игранките во Соколана.

    Авторот Стошевски го подготвува и петтиот, последен филм за серијалот „Соколана наша гордост“, кој се однесува на историските кошаркарски турнири, до најситни детали за мечевите, составите на екипите и се друго, како единствени од минатиот век на просторите на Балканот.

    „Навистина не беше лесно, поголемиот дел од документите исчезнале, многу генерации починале, но сепак успеав некако најважните историски податоци за овој капитален објект да ги преточам во дело“, - додава Стошевски.

    Серијалот филмови за Соколана е значаен, поради непроценливата вредност на кумановскиот храм во развојот на спортот во изминатите речиси 90 години постоење, како за претходните така и за идните генерации на Куманово.