Промовиран филм за жената и традицијата
Денеска беше промовиран проектот „Традиција, пречка за остварување на правата на младите жени„ што го реализираа невладините организации Коло на српските сестри, Мајка, Кумановка и Сирма.

Проектот има за цел да изврши влијание врз јавноста за искоренување на притисокот од традицијата и културата врз жени.
Проектот траеше 6 месеци и е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка. Во состав на Проектот е изработен филм, каде учествуваат шест жени од шест различни етнички заедници од Куманово. Тие ги изнесуваат своите искуства,погледи и ставови, во областа на образованието, бракот и наследството, и како тие и нивната етничка заедница се справува со традицијата- вели Живка Христовска, претседателка невладината Коло на српските сестри, која е носител на проектот.
Заклучокот од неколку месечниот проект во кој учествуваа жена Македонка, Србинка, Влаинка, Албанка и Ромка, е дека културите во нашиот град се испреплетуваат, но сепак сеуште не е доволно развиена свеста да се прифатат различностите, кога се работи за мешаните бракови од различна вероисповест и наследството.