Промовиран филмот „Да зборуваме, моето здравје е мое право“
Националниот Ромски Центар го промовираше филмот под мотото „Да зборуваме, моето здравје е мое право“, во рамки на проектот „Унапредување на достапноста до здравствената заштита на жените Ромки“.

Филмот упатува порака до младите да зборуваат отворено засексуалното и репродуктивното здравје, за ризиците и за нивните здравствени права. Присутни беа млади луѓе, претставници од здравствени установи и образовни институтции.
„Креативното видео е наменето да ги едуцира најмаргинализираните групи, пред се младите, за да се информираат што е сексулано и репродуктивно здравје и правата кои ги имаат. Постојат институции кои работат на оваа проблематика, но недоволно се промовираат информации и за младите и за останатите. Видеото ги опфаќа правата на пациентите, имаме и советувалишта за сексулано и репродуктивно здравје, кои не се доволно искористени од страна на младите и наша идеја е ова чувствителна тема која е табу, да ги поттикнеме да зборуваат со луѓето во кои имаат најмногу доверба, пред се матичните гинеколози, но и останатите здравствени работници“- изјави, Себихана Скендеровска, координатор на проектот.
Оваа активност е продолжените на програмата која НРЦ ја спроведува изминатите десет години во однос на застапуавње на здравствените права на жените Ромки, а во последните години, работи на зајакнуавње на жените во однос на сексуалното и репродуктивното здравје, пристап до превентивна здравствена заштита.