×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Промовиран романот „Теофил Kоњокрадец“ на Милош Стаменковиќ

    28.04.2022 13:20 | Сузана Николиќ

    Во присуство на голем број на кумановци, претставници од културниот и општествениот живот, луѓе од власта и опозицијата, на еден неформален начин, синоќа во Центарот за култура беше промовиран новиот роман „Теофил Коњокрадец“ на кумановецот Милош Стаменковиќ.

    Промовиран романот „Теофил Kоњокрадец“ на Милош Стаменковиќ

    Дејствието во романот се случува на почетокот на 9 век, во периодот од 812 до 820 година во Константинопол. Челичната дисциплина на новиот цар ја реметат неколку авантуристи кои се желни за слава и златници, па старата дружна подготвува работа на векот. Скротувачот на животни Теофил коњокрадец, лажниот монах Димитрије, преубавата ќерка на крчмарот Комито, бугарскиот шпиун Борис, словенот Управа, војникот Абу Хусеин Јабир ибн Муса, направиле неворојатен план да ги сменат своите животи. Сите нивни мисли и желби се насочени кон едно место, а тоа царската ризница...  

    Приказната во романот има сличност со денешните општествени случувања, вели авторот. 

    „Ликот во романот Теофил коњокрадец е всушност ризничар, која ја чува јавната каса. Тука е и преплетувањето со сегашноста, бидејќи сме сведоци на разни преваранти и пробисвети, кои преку купени дипломи можат да станат министри на финансии и да вршат други важни функции во државата. Теофил Коњокрадец е современ роман, без разлика што се случува во далечно минато“, изјави Стаменковиќ. 

    Промотор на книгата беше Ивана Аткинс, која авторот го спореди со италијанскиот писател, филозоф и есеист Умберто Еко и српскиот романописец и сликар Момо Капор.

    Книгата е на српски јазик, а издавач е Магна Матер од Куманово.

    Милош Стаменковиќ е роден 1975 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за „Меѓународен менаџмент“ во Белград. Досега има објавено две книги: „Трета светска војна и новиот поредок“, 2002 година, во кои пишува за геополитиката и светските настани засновани на финансиите и религијата, конфликтот меѓу Западот и исламот за создавање нов финансиски систем и изгради Соломоновиот храм. 

    Во 2019 година го објави романот „Мртвите и лимената гуска“, кој е модерен роман за библиското учење: „Моќта Божја се покажува во беспомошноста“. Колумнист е на Слободен печат, Капитал и Кумановоњуз.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk