Пронајдена исчезнатата жена од Пчиња
09.09.2015 13:27
| KumanovoNews
С.Н.(39) од село Пчиња која деновиве беше пријавена за исчезната е пронајдена.

Од СВР Куманово потврдуваат дека жената е жива, здрава и се јавила кај нив откако слушнала дека сопругот ја пријавил како исчезната. Ј.Н.(44) пријавил дека во саботата неговата сопруга се оддалечила од домот и не се вратила.