Пронајдени експлозивни средства во Куманово и Крива Паланка
04.05.2018 06:59
| KumanovoNews
Две неексплодирани направи пронајдени се деновиве во Куманово и Крива Паланка.

Според извештајот од Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК), вчера во населбата Карпош пронајдена е неексплодирана бомба. Веднаш е известена полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Бомбата била безбедно подигната и сместена во магацин.
Вториот случај е регистриран пред неколку дена во Крива Палнака, кога била откриена неексплодирана мина од минофрлач 82 милиметра.
Мините ќе бидат уништени од страна на стручни лица - пиротехничари од ДЗС Куманово.