Сопружници пронајдени починати во нивната куќа во Табановце
17.08.2021 10:22
| Сузана Николиќ
Во СВР Куманово, денеска во 8.20 часот било пријавено дека во нивниот дом во с.Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од с.Табановце.

Полициски екипи се на местото и во координација со ОЈО Куманово врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.