Мени

Проодни патиштата во Општината

01.02.2010 11:53 | KumanovoNews

Екипите на фирмата „Билдинг“ задолжена за зимско одржување на улиците во градот, утринава излегле на терен и го расчистиле снегот од улиците и патиштата, кој интензивно паѓаше на територијата на целата Општина.

Проодни патиштата во Општината

Во правата етапа интервенирано е на мостови, раскрсници и наугорнини, каде обично сообраќајот е поотежнет. Со втората етапа се опфати централното градско подрачје, бидејќи од ниските температури може да дојде до заледување на коловозите и зголемен број на сообраќајки - вели Момчило Јовановски, помошник раководител во Секторот за урбанизам.

За зимско одржување на улиците заклучно со месец декември фрлени се 180 тони  сол и  потрошени се 2.200.000 денари. Од Општината се задоволни од досегашното одржување на патиштата и сообраќајниците во градот.