Прослава на Бадник на градскиот плоштад
На градскиот плоштад Куманово, утревечер ќе се одржи традиционалната прослава на христијански празник Бадник, во организација на СДСМ.

За разлика од минатите празници оваа година нема да се пали бадниковиот огин, поради загаденоста на воздухот во градот.
„И оваа година ја продолжуваме традицијата, ќе го одбележиме Бадник како еден од најсветлите и најзначајните православни празници. Ги повикувам нашите сограѓани, кои што се верници, но и сите други да дојдат на дружење.Сакам да потенцирам дека оваа година поради мерките што се преземаат поради загадувањето на Куманово и апелите на МПЦ нема да палиме бадников оган“,- изјави претседателот на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Прославата ќе започне во 20.30 часот, а на граѓаните ќе им бидат поделени 400 лепчиња, во кои ќе има еден златник и 10 сребреника. Најсреќните ќе добијат и подароци од општинската организација. На останатите присутни ќе се подели овошје.
Манифестацијата се организира по 23. пат, а ќе биде проследена со музичка програма.