Прославата во Пелинце од 11 часот, режимот на сообраќај вообичаен, соопштува полицијата
Од СВР Куманово ги известуваат граѓаните дека по повод државниот празник 2 Август, како и одржувањето на свечената манифестација во Меморијалниот центар Пелинце, утре на подрачјето на општина Куманово и Старо Нагоричане, режимот на движење на сообраќајот ќе се одвива нормално без застои и пренасочување.

„Воедно ги информираме граѓаните кои сакаат да присуствуваат на свеченоста што ќе започне во 11 часот, навремено односно до 10.30 часот да пристигнат во Меморијалниот центар Пелице. Во оваа прилика уште еднаш укажуваме на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи“, - соопштуваат од СВР Куманово.
На прославата во Пелинце ќе присуствува премиерот Зоран Заев, како и повеќе високи државни делегации.