Прскање против инсекти кај Затворениот базен
17.08.2018 07:00
| KumanovoNews
Денеска (петок) ќе се врши третирање против инсекти во паркот кај Затворениот градски базен во Куманово.

Од Општина Куманово информираат дека во случај на неповолни временски услови, прскањето ќе се одложи за утре (сабота).
- Не се препорачува подолг престој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во периодот непосредно по извршениот третман, -соопштуваат надлежните.