Прскање против крлежи во Куманово
11.05.2018 07:22
| KumanovoNews
Од вчера започна а ќе продолжи и денеска прскањето против крлежи на територија на Општина Куманово.

Предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот како мерка за борба против крлежи.
Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг престој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во периодот непосредно по извршениот третман, - соопштуваат од Општина Куманово.