Прв уписен рок во средните училиштa
Во Куманово во новата учебна 2018/2019 година во средните училишта има место за упис на 2500 ученици

Започнаат уписите во средните училишта во државата.
Денеска и утре (18 и 19 ) деветоодделенците ќе можат да се запишат во едно од четиритте средни училишта на македонски јазик и едно на албански јазик, во првиот уписен рок.
„Утринава сите средни училишта се отворени и ги примаат документите. На лице место се врши бодирање и на учениците кои ги исполнуваат условите им се примаат документите, а останатите се враќаат. Во среда ќе ги имаме прелиминарните резултати колку ученици се запипшани во првиот уписен рок. Очекуваме годинава да бидат запаишани околу 1500 ученици, бидејќи имаме толку деветоодделенци, но има и одлив во други градови“, - вели Жика Крстевски, раководитела на секторот за образование во Општина Куманово.
Според искуставта од минатите години, но новата учебна година ќе се запишат околу 1200 ученици од Куманово, 200 од Липково, педесетина од Старо Нагоричане и уште токлу од соседните Ранковце, Крива Паланка и Картово. Секоја година од 70 до 100 ученика од Куманово заминуваат во соседните градови Скопје и Шпип.
Во Куманово во новата учебна 2018/2019 година, во средните училишта има место за упис на 2500 ученици.
Според конкурсот на Министерството за образование и наука, во Гимназијата „Гоце Делчев“ можат да се запишат 374 ученици во 10 паралеки на македонски и една на српски јазик.
Во Гимназијата „Сами Фрашери“ на албански јазик ќе се запишат 272 ученика во 8 паралелки.
Во стручното училиште „Киро Бурназ“ има место за 510 ученика на македонски и албански јазик.
Во стручното училиште „Перо Наков“ 340 места се за настава на македонски јазик и 374 за албански јазик.
Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ предвидено е да се запишат 684 ученика, 330 на македонски и 354 на албански јазик.
Вториот уписен рок е на 5 јули и третиот на 24 август.