Први јануари неработен ден за сите граѓани
29.12.2015 09:51
| KumanovoNews
1 јануари 2016 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата 2016 година.