×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Работниците на „Веибо Груп“ го блокираа патот Куманово-Крива Паланка

    01.02.2018 12:01 | KumanovoNews

    Околу  200 работници од фабриката „Веибо Груп“ од Крива Паланка, денеска три часа го блокираа  магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, поради тоа што се отпуштени од работа.

    Работниците на „Веибо Груп“ го блокираа патот Куманово-Крива Паланка

    Работниците се револтирани поради тоа што од денеска останаа на улица со три неисплатени плати и придонеси за здравствено осигурување, како и К-15.

    Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски им даде подршка на работниците и најави дека прави напори што поскоро да се најде решение за решавање на проблемот.

    Мицевски за утре најави средба со бизнис инвеститор од Гевгелија кој пројавил интерес да инвестира во овој погон.