Работничка повредена во фабрика во Драгоманце
08.12.2017 12:28
| KumanovoNews
Повредената жена вчера попладне била донесена во Кумановската болница, по што случајот во 17 часот бил пријавен во полиција.
Несреќата се случила околу 13,30 часот, додека жената работела, паднала и се повредила во пределот на двете стапала.
Со тешки телесни повреди и како итен случај била пренесена на лекување во Ургентниот Центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово во присуство на инспектор од Државен инспекторат за труд.