Работникот во ФЗЦ починал откако го удрило метално парче во градите
31.07.2018 13:01
| KumanovoNews
Бобан В.(45) од населбата Проевце е работникот кој утринава загина на работното место во Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ во Куманово.

Според МВР, несреќата се случила околу 8 часот, додека Б.В.(45), извршувал работни задачи. Во еден момент бил погоден во пределот на градите од метално парче, кое се откинало од алатот со кој работел и тешко го повредило. На пат кон болница работникот починал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.