Мени

Рационално да се користи водата за пиење апелираат од ЈП „Водовод“

12.06.2026 08:57 | KumanovoNews

ЈП „Водовод“ Куманово апелира до граѓаните рационално да ја трошат водата, за да ја има во доволни количини за сите корисници во градот.

 

Рационално да се користи водата за пиење апелираат од ЈП „Водовод“

Од претпријатието велат дека во услови на зголемени температури потрошувачката на вода значително се зголемува како резултат на нерационално и несовесно користење на водата од водоснабдителниот систем на градот.

„Поради оваа и ваква потрошувачка се јавува недостиг на вода и намален притисок во повисоките делови од градот, посебно во вечерните часови и затоа се апелира до граѓаните да не ја користат водата за пиење за полевање на бавчи, миење дворови и миење коли и слично. Со оглед на тоа дека допрва следат повисоки температури, ваквиот начин на користење на водата сигурно ке ги зголеми проблемите кај одредени корисници на водата од водоснабдителниот систем на градот“, велат од претпријатието.

Со рационално користење на водата, за нејзината предвидена намена ке се придонесе да има доволно вода и притисок и кај граѓаните кај кои се јавува проблем.

ЈП Водовод ги  има вклучено сите ресурси за водоснабдување и сите се користат максимално за да се одржи квалитетно водоснабдување за граѓаните. Се молат граѓаните со своето учество да допринесат во што поквалитетно водоснабдување на градот.

Воедно ги известуваме граѓаните дека водовод ке ги зголеми и засили контролите за детектирање на неовластено користење на водата од водоводниот систем на градот.