×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расчистен патот до селото Колитско

    01.03.2018 15:09 | KumanovoNews

     Исчистен е снегот од патот кон селото Колитско, откако 4 дена беше завеан. Напладне механизација излегла на терен и ги отстранила наносите кои го попречувале движењето на возилата.

    Расчистен патот до селото Колитско

    Истовремено градоначалникот Максим Димитриевски се сретнал со претседателот на месната заедница на село Колитско поради проблемот со завеаниот пат што го поврзува селото со Општина Куманово.  

    „Денеска со претседателот на месна заедница од  Колитско остварив средба при што бев запознаен со овој проблем. Екипите уште од утрово се на терен и интензивно работат. Надлежните служби работат на расчистување на тој дел, но поради новите врнежи од снег самиот процес е отежнат. Се надеваме дека набргу ситуацијата ќе се нормализира, – изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

    Стое Јаневски, претседател на м.з. Колитско утринава обвини дека селото е отсечено од светот, поради тоа што патот не се чисти веќе 4 дена. Поради тоа децата не можат да одат на училиште во соседното село Орашац, а повозрасните на работа.

    - Излезе механизацијата и го расчисти патот. Од утре децата ќе тргнат на училиште. Денеска е приемен ден и поразговаравме со градоначалникот и за другите наши проблеми. Ни вети дека кога ќе отопли времето ќе ни го тапмонира патот кон селото, - изјави Јаневски.

    Селскиот пат е во должина од 4 километри и го поврзува селото со регионалниот пат Куманово-Свети Николе.