Разбојници провалиле во куќа и одзеле златен накит и пари
21.08.2021 16:32
| Сузана Николиќ
Двајца рабојници упаднале во куќа во липковското село Вакцинце додека сопствениците биле дома, по што ги нападнале и им одзеле златен накит и пари.

Разбојништвото се сличило ноќеска околу 03.30 часот, кога во СВР Куманово било пријавено дека во с.Ваксинце, општина Липково, две лица со употреба на сила влегле во куќата на А.С. и З.С..
„Со закана, од сопствениците одзеле златен накит, пари и мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува МВР.