Размена на искуства и збратимување на кумановско и турско училиште
Професори и ученици од медицинското училиште од Тузла, Турција, кои се во посета на техничко училиште „Наце Буѓони“ од Куманово, отпочнаа интензивна соработка и размена на искуства во здравствената струка.

Училиштата планираат наскоро и да се збратимат.
Прием за гостите денеска организираше градоначалникот Зоран Дамјановски.
„Дефицитот во средниот медицински персонал е присутен, самите гледате дека во определени клиники има недостаток поради голема економска миграција. Така што зајакнувањето на едукацијата и подготвката на овие млади луѓе е можност за брзо инкорпорирање во работните процеси при градење на нивните кариери,- изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово. Гостите очекуваат соработката да се продлабочи, па покрај на професионален да соработуваат и на културен план.„Очекуваме од Куманово да дојдат ученици на школување и дошколување во нашата општина“,- изјави заменик директор на турското училиште, Селахатин Дурсун.
Директорката Лидија Михајловска, информира дека веќе се преговара ученици и од „Наце Буѓони’ да посетуваат практична настава во Аџибадем Систина, а врската помеѓу клиниката и училиштето ќе биде токму средното училиште Орханли од Турција.
„Очекувам плодна и успешна соработка, дружење пред се разменување на пријателства помеѓу учениците помеѓу наставниот кадар. Ќе има размена на искуства, идеи и секако тоа многу ќе придонесе за целокупната работа на училиштето меѓутоа и работата на Куманово, кумановската болница и пошироко„- изјави Михајловска.
Во техничкото училиште настава во здравствената струка посетуваат околу 800 ученици.