×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Разрешен сум поради ситни политички интереси на поединци, тврди поранешниот заменик министер за земјоделство Димковиќ

    27.12.2017 08:18 | KumanovoNews

    Поранешниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ, се обрати со соопштение до јавноста, откако пред два дена беше сменет од функцијата на барање на Српската странка во Македонија, која го исклучи од партијата затоа што работел против нејзините интереси.

    Разрешен сум поради ситни политички интереси на поединци, тврди поранешниот заменик министер за земјоделство Димковиќ

    „Изразувам голема благодарност до Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев што ја искажа довербата кон мене и ме предложи за заменик министер во Владата на Република Македонија пред седум месеци.Не ми се познати причините или истите не ми се предочени поради кои за толку кратко време сум разрешен од функцијата заменик министер, а за оваа постапка и самиот Претседател на Владата не даде никакво објаснување за моето разрешување.

    За овој краток период од бурната политичка есен во Република Македонија целосно бев посветен на професионално извршување на доверените задачи со сето мое знаење и професионално искуство.Сметам, дека барем малку дадов допринос со својата работа и ангажман за подобрување и унапредување на состојбите во земјоделството.Токму сега, кога требаше да го дадам својот максимум во престојниот период, кога ги воочив сите потешкотии и проблеми кои го мачат нашето земјоделско производство во целата Република се случи моето разрешување, за кое длабоко сум уверен дека се направи од ситни политички интереси на поединци. Во врска со шпекулациите кои овој период се ширеа во јавноста дека сум ги нарушил односите во коалицијата, односно не сум бил лојален кон Социјалдемократски сојуз, чуствувам за потребно да ја известам јавноста за следното:

    Од осамостојување на Република Македонија во деведесетите години па до денес, секој пат сум ги бранел интересите на српската заедница која живее во Република Македонија, за опстојување на овие простори и вклучување во политичкиот, културниот и воопшто во општествениот живот во Република Македонија.Еден сум од основачите на Српската заедница и Српската партија во 1991 година.Во сите досегашни политички превирања и предизвици во Република Македонија, секогаш сум бил на позициите и ставовите на СДСМ, сметајќи ги како најприфатливи и како најблиски до интересите на српската заедница во Македонија. Никогаш не сум бил член на СДСМ, но исто така никогаш не сум бил против политиките и ставовите на СДСМ.Тоа се потврдува од изминативе 27 години во кои имаше чести промени на централната и локалната власт како што беа во 1998, 2002 и 2006 година, а особено 2008 и 2009 година,кога се вршеше силен притисок на парламентарни и локални избори како и невидена тортура врз мене за да подржам коалиција на ВМРО. И тогаш застанав за политиките и ставовите што ги водеше СДСМ.Тогаш исто така доживеав личен притисок, казнувања и друг вид на тортура насочена кон мене и моето семејство и кон членовите и симпатизерите на партијата чиј претседател бев во тој период. Тоа исто се случи и 2013 година на локални избори кога сите политички српски партии во РМ отидоа со ВМРО, а единствено јас останав со СДСМ и нејзините коалициони партнери се до ден денес. Сакам да потенцирам дека и понатаму ќе останам доследен на моите политички ставови и определби за заштита и остварување на српските интереси во РМ и лојален подржувач на политиките на СДСМ и коалицијата. Напоменувам партијата што донесе одлука за мое исклучување надвор од статутот во момент е политички и кадровски многу ослабена и затоа што поголем дел од членство поминуваат во Српска напредна странка. Функциите на нас политичари се менливи но остануваат вредностите на секој поединец, неговата цврстина и верба во политиките за кои се определил и кои ги застапува. Оставам на времето да ги покаже и потврди овие мои ставови“, - стои во соопштението до јавноста од досегашниот заменик министер во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство Власте Димковиќ.