×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ретроспективно-монографска изложба на Ѓорѓи Шијаковиќ во Куманово

    27.10.2020 15:18 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија во Куманово, утре од 19 до 21 часот, ќе биде отворена ретроспективно монографската изложба на Ѓорѓе Шијаковиќ, еден од неколкуте наши најзначајни автори кои припаѓаат во областа на наивното творештво.

    Ретроспективно-монографска изложба на Ѓорѓи Шијаковиќ во Куманово

    На изложбата ќе бидат презентирани четириесет слики, а ќе биде промовирана и книга за неговото творештво со обемен текст од Гоце Божурски.

    Ѓорѓе Шијаковиќ е роден 1901 година во Цетиње, Црна Гора. На негова четиримесечна возраст семејството се преселува во Америка, каде што завршува основно образование и продолжува гимназија, а се враќаат во 1914 година. Од 1919 до 1923 година е ангажиран како административен службеник и преведувач во хуманитарната мисија на американскиот црвен крст. Во 1925 го положува курсот за американско двојно книговодство и се до избувнувањето на Втората светска војна работи како сметководител и преведувач од англиски во рудниците „Трепча“ и „Злетово“. Од 1941 до 1943  година е е во заробеништво во Италија (Бергам, Аверси). По ослободувањето работи како шеф на книговодство и преведувач во повеќе трговски претпријатија во Скопје, но и во Државниот секретаријат за стопанство и Извршниот совет на РМ.

    Почнува да слика по пензионирањето во 1962 година. Самостојно излагал во Центарот за култура и информации во Скопје во 1969 година и во Галеријата на примитивна уметност во Загреб во 1971 година. Учествувал на значајни меѓународни изложби на наивата во Братислава (1972), Загреб (1970, 1973), Светозарево (денешна Јагодина, 1970, 1975), Хлебине и др.

    Освен што временски и генерациски е еден од неколкуте основоположниците на наивата кај нас, Ѓорѓе Шијаковиќ заслужува целосен респект, а според квалитетот и вонвременски вредности на неговото творештво беше препознаван идентитетот на македонската наивна уметност во тогашниот југословенски и меѓународен контекст.

    Во раните 70 ти години е сниман документарен филм за него и неговото творештво од страна на францускиот режисер Jean Marie Drot , кој на француската телевизија наишол на огромен интерес кај тамошната публика. За жал кај нас никогаш не е прикажан.

    Застапен е во енциклопедија на наивната уметност во светот. Добитник е и на повеќе меѓународни награди, како златен кентаур од Италија, златна медаља од академијата за труд од Италија и др.