Режан тутун запленет на Табановце
22.09.2015 08:55
| KumanovoNews
Минатата недела царинските службеници запленија 31 кг режан тутун, при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавениот тутун е пронајден во две најлонски кеси сместени во просторот за палети на приколката и е привремено задржан. Против прекршителот е отпочната прекршочна постапка. Минатата недела на истиот премин се запленети тракторски делови, автоделови, а на патот Куманово-Скопје во автомобил се најдени скоро 1000 парчиња облека.