×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Родители обвинуваат дека на градскиот базен им бараат билет за да влезат во соблекувална со децата

    04.10.2018 12:45 | KumanovoNews

     Група родители чии деца членуваат во пливачите клубови, обвинуваат дека ми било забрането од управата на затворениот базен да влегуваат во соблекувалните и да им помогнат на своите деца, доколку не платат билет.

    Родители обвинуваат дека на градскиот базен им бараат билет за да влезат во соблекувална со децата

    Во писмото што го испратија до медиумите, родителите се жалат дека дел од децата се на возраст од 4-6 години, на кои им е неопходна родителска асистенција во соблекувалните, а дополнителното плаќање драстично би ја зголемило цената на услугата на базенот.

    - На синоќешниот тренинг ни беше соопштена една бизарна одлука, доколку сакаме да го придружуваме детето во соблекувалните, односно да го соблече, а по тренингот да го облече и избрише родител, мора да се плати влез во соблекувална за самиот родител од 100 денари за секој тренинг. Кога прашавме која е причината за донесената одлуката, никој не знаеше да одговори, само рекоа дека тоа е одлука на директорот. Без одговор остана и прашањето која е логиката да се наплаќа влез во соблекувална за родител, односно кои капацитети на базенот користи родител кога му помага на своето дете? Како помош од управата понудија да асистираат на децата при облекување, соблекување и бришењето со пешкир, - пишува во писмената реакција од родителите.

    Тие овој предлог го сметаат за непристоен, бидејќи сметаат дека децата можат да се разболат додека чекаат, а стравуваат и од злоупотреба на децата и девијантни појави.

    Родителите бараат управата на градскиот базен да ја преиспита одлуката и да им дозволи како до сега да се грижат во соблекувалните за своите деца пред и после часовите по пливање.