Родителите да аплицираат за бесплатно зимување за децата
09.09.2015 12:47
| KumanovoNews
Децата од семејства корисници на социјална и постојана парична помош, децата со пречки во развојот, деца чиишто родители се корисници на посебен додаток и децата без родители, можат да аплицираат за бесплатен зимски одмор, информираат од МТСП.

Повикот за зимување во 2016 година е отворен во наредните 14 дена. Право на учество имаат сите деца од наведените категории од петто до деветто одделение, односно родени од 2001 до 2006 година. Зимскиот распуст ќе трае 6 дена и вклучува 5 полни пансиони со соодветни едукативни и рекреативни спортски и забавни активности. Проектот ќе се реализира во туристичките капацитети во Крушево.