Шаховски турнир во организација на СВР Куманово
06.09.2017 10:58
| KumanovoNews
По повод Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември, СВР Куманово во соработка на Советот на Општината, организира Турнир во шах.

На турнирот учествуваат 4 екипи и тоа од: Кумановската полиција, Здружението на пензионери, Армиски и полициски ветерани и Црвен крст.
„Сакам на ова натпреварување да победи најдобриот и спортскиот дух. Заедно со СВР Куманово го организираме овој турнир. Ви посакувам успешно натпреварување„, - рече на отворањето на турнирот, претседателот на Советот, Александар Арсиќ.
Најдобите шахисти ќе добијат дипломи, а останатите благодарница за учеството на турнирот.