×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Самостојна изложба на Моника Десоска во Уметничката галерија во Куманово

    26.09.2023 14:20 | Оливера Пешевска

    Во салонот на Уметничка галерија Куманово утре со почеток во 20.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академската сликарка Моника Десоска. Изложбата е насловена „Патување низ непознатото“ и е дел од вонпрограмските активности на галеријата.

    Самостојна изложба на Моника Десоска во Уметничката галерија во Куманово

    Авторката за прв пат излага во Куманово, а станува збор за 15-та по ред самостојна изложба.

    „На изложбата ќе бидат прикажани 40 ликовни дела работени во комбинирани техники на лесонит. Инаку Дескоска со самостојни изложби, освен во Македонија, се претставила и во Србија и Турција. Има учествувано на 22 групни изложби, најчесто во државата но има гостувано и во Хрватска“, изјави Драгана Спасовска,Виш кустос при НУ Музеј – Куманово.

    За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 10 октомври 2023 година.