×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Самостојна изложба на Страхил Петровски

    27.11.2017 10:42 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија Куманово, во среда од 19.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Страхил Петровски, под наслов “ Идентитети “.

    Самостојна изложба на Страхил Петровски

    Изложбата  прикажува повеќеслоен циклус во кој се испреплетуваат различни медиум-објекти, инсталации, слики и фотографии; четири тематско поврзани и испреплетени целини заокружени под наслов  “ Идентитети “.

    Циклусот е работен во периодот 2016/2017 година. Минатата година проектот беше претставен во Националната галерија на Македонија- Чифте амам.Оваа година истиот е надополнет со уште 10 нови дела-објекти со што авторот на некој начин го заокружува овој циклус.

    По неколкуте самостојни изложби во земјата и странство ова е второ претставување на Петровски во Куманово по 20 години,  од првата самостојна изложба во 1997 година и е своевиден јубилеј на авторот.

    Изложбата ке биде отворена до 13 декември 2017 година.

    Страхил Петровски е роден во Куманово во 1974 година. Дипломските студии по сликарство ги завршува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1997 година, а во 2000 година ги завршува постдипломските студиии на истоимениот факултет. Има реализирано седум (7) самостојни изложби во Куманово (1997), Скопје (2001,2001, 2016), Охрид (2003), Тетово (2017), Виена (2002) и повеќе од шеесет (60) групни изложби во земјата и странство (Скопје (1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2017); Неготино (1995); Тетово (1995); Куманово (1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2011, 2015, 2016, 2017); Охрид (2017) Штип (1999, 2000, 2001); Самотраки, Грција (1999, 2001); Горњи Милановац, Србија (2000); Ријека, Хрватска (2001); Велес (2001, 2002); Словенија, Похорје (2001); Виена, Австрија (2002), Њујорк, САД (2003, 2005). Реализирани студиски патувања во Самотраки, Грција (1999, 2001), Словенија, Похорје (2001), Виена, Австрија (2002).

    Учествувал на повеќе од дваесет (20) ликовни колонии и симпозиуми во земјата и странство. Добитник на неколку награди: 1997 - Скопје, Пофалница од Меѓународно жири на СИАБ 97, Музеј на град Скопје;1999 - Скопје, Откупна награда од НУБ „Св. Климент Охридски“, ДЛУМ цртеж ’98; 2000 - Скопје, награда „Димитар Кондовски“ за сликарство, ДЛУМ 47 Ревијална годишна изложба, Музеј на град Скопје; 2002 - Скопје, награда „Константин Мазев - Коце“ за сликарство, Македонско ликовно творештво мал формат, Културно-информативен центар. Од 2012 година е докторант на Институтот за македонска литература при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје. Неговите дела се наоѓаат во музејски збирки, јавни институции и приватни колекции во земјата и странство.

    Член на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001/2007, и на ИКОМ од 2011 година. Работи во Скопје како виш конзерватор во НУ Национален конзерваторски центар.