×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДММ поставија банер „Куманово нема да заборави Диво насеље 9.5.2015“

    09.10.2015 12:24 | KumanovoNews

    Членови на Социјал-демократската младина од Куманово денеска на мостот кај Искра, на влезот од градот поставија банер на кој пишува „Куманово нема да заборави Диво насеље 9.5.2015“.

    СДММ поставија банер „Куманово нема да заборави Диво насеље 9.5.2015“

    Тие прашуваат зошто и по неколку месеци нема одговори за настаните од 9 и 10 мај, кога 8 полицајци загинаа, 40 беа повредени и беше предизвикана огромна материјална штета.

    До денес сè  уште нема никаква разрешница на случајот што се случи во нашето маало. Кој навистина стои зад инцидентот? Дали е спроведено црно сценарио? Дали ова беше политички обид за дестабилизација? Кој дозволи 8 полицајци да загинат и да има десетици повредени? Нема одговорност од никого. Од ова место, со симболично поставување на овој банер, сакаме да испратиме порака дека Куманово нема да заборави - рече Владислав Трајковски, претседател на СДММ Куманово.

    Трајковски вели дека при секое поминување во Куманово, банерот ќе го потсети премиерот Никола Груевски, каква штета е нанесена на граѓаните, а по смена на власта во април 2016 година ќе се открие вистината.