СДММ:ВМРО-ДПМНЕ да се заложи за развој на Куманово
Од локален клуб на Социјалдемократската младина на Куманово ги повикаа челниците на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, да се заложат за развој на Куманово, бидејќи последните години релациите помеѓу општината и власта воопшто не функционираат.

Тие им порачаа на луѓето од централната власт наместо да се занимаваат со градоначалникот и со јавното претпријатие “Водовод“, да помогнат во решавањето на проблемите на граѓаните.
“ Покрај проблемите со водата, со нивното делување можат да придонесат и за решавање на проблемите со патарината Куманово – Скопје , каде веќе со години ветуваат дека ќе се најде решение на километарските колони кои се случуваат во овој летен период. Да придонесат да се започне со реконструкција на автопатот Куманово‐ Скопје во две насоки, каде секојдневно има по некоја жртва по лошите патишта, да донесат во општината некоја капитална инвестивција. Патем сите ние сме граѓани на ова општество, на овој град кој е заборавен веќе години наназад, кој важи за град кој не е во рамки на Република Македонија“ - вели претседателот на ЛК СДММ Владислав Трајковски.
Од СДММ ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ да водат грижа за граѓаните, а не да им нанесуваат штета.