СДСМ ќе гради младински културен центар и кино во Куманово
Изградба на објекти во културата, повеќе културни содржини и поттикнување на творечкиот потенцијал на уметниците, најави Сашо Тодоровски, кандидат за советник од коалицијата на СДСМ, доколку ја добијат довербата на граѓаните на локалните избори.

Програмата за културен развој на општината предвидува оформување на млад креативен тим и вклучување на поединци во создавање на уметничките програми, заради збогатување на културниот живот во градот.
„Планираме во Куманово да изградиме нов младински културен центар, кино сала и кино на отворено и да отвориме детски мултиетнички центар. Ќе организираме фестивал на музички таленти, меѓународен музички фестивал, летен филмски фестивал и да воспоставиме поголема соработка со средношколскии организации. Соработка на Театар Куманово и отварање на вратите за средните училишта и преку взамена соработка младите уште од најмала возраст да се запознаат со театарската уметност – изјави Тодоровски.
Тој додаде дека со тоа ќе ја вратат културата во Куманово, бидејќи во последните години била запоставена од централната власт.