×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ја започна изборната кампања во Куманово

    25.09.2017 11:56 | KumanovoNews

    СДСМ денеска и официјално ја започна кампањата за локалните избори во Куманово.

    СДСМ ја започна изборната кампања во Куманово

    На прес конференција на Градскиот плоштад, кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски го најави „Планот за живот“, кој во наредниот период ќе го презентира пред граѓаните на Куманово.

    „Имаме сериозна политичка програма со која ќе настапиме достинствено, ќе влеземе на секоја врата, ќе го посетиме секој дом и домаќинство и ќе ја побараме вашата подршка, затоа што сакаме да смениме ликот на Куманово. Сакаме да изградиме и да создадеме една урбана целина во која сите нејзини граѓани ќе живеат сложно и просперитетно. Со „Планот за живот“ на општина Куманово ќе излеземе со сериозни нови капитални проекти, кои ќе значат директен бенифит за секој граѓанин во нашата општина, - изјави Димитриевки.

    Предпладнево, Димитриевски и носителот на советничката листа Атина Мургашанска се сретнаа со стечајците, на кои им ветија подобра и посветла иднина, особено по изгласување на законот со кој секој стечаец ќе добива месечен надомест по 7.500 денари.

    „Во изминатиот период општината преку социјален пакет им помагаше на стечајните работници. Сега кога на повеќето од вас ќе им биде решен статусот, тие пари ќе останат за оние кои нема да бидат опфатени со законот и општината ќе остане да се грижи за нив“, - изјави Димитриевски.

    Мургашанска им порача на стечајците дека се пример за храброст и издржливот, бидејќи поминаа низ голгота за која ќе читаат идните генерации.

    „Вие сте неисцрпен пример како треба да се бориме за своите права, доколку се сака и се знае за што се борите. Ние сме денеска со вас за да ви покажеме дека умееме да го цениме придонесот и граѓанската борба. Вие сте борци за граѓански и човекови права, а Љиљана Георѓиевска е жена борец на која и се восхитуваме и можеме да и честитаме“, - нагласи Мургашанска.

    СДСМ попладне ќе одржи мини митинзи во селата Романовце и Агино село, а утревечер во 19 часот, во Центарот за култура на Конвенција ќе го промовира кандидатот за градоначалник и советниците, а ќе ја претстави и програмата „Планот за живот“ во Куманово.