СДСМ:Менувањето на името на плоштадот не носи просперитет
Од општинската организација на СДСМ Куманово денеска на прес-конференција рекоа дека менувањето на името на плоштадот, не носи просперитет и подобар живот за граѓаните.

Велат дека невработеноста, бесперспективноста и иселувањето на младите се најголеми проблеми во градот.
Наместо да се занимаваме со менување на имиња на плоштади и улици, треба да се соземеме и да работиме за добробитот на нашиот град и граѓаните, за подобрување на севкупната економска клима и просперитет. Вистински, реален и видлив просперитет кој ќе го почувствуваат сите граѓани, а не само истакнатите членови на некоја партија. Имињата одбележуваат една епоха, еден момент од нашата историја, некому му се допаѓа, некому не. Македонија била и ќе биде држава и после нас. Потребно е да ги зачуваме историските моменти и да ја надоградуваме нашата иднина врз она што било. Чувајќи го минатоот градиме сигурна иднина - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Ја потсетуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е дојдено време за промени во Македонија, и дека нивните водечки луѓе ќе треба да понесат одговорност за нечовечноста.