×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Мицковски наместо да се извини на Куманово продолжува со политиките на Груевски

    08.06.2018 13:29 | KumanovoNews

    Наместо да се извини за сите штети што ВМРО-ДПМНЕ му ги нанесе на Куманово, Мицкоски продолжува со политиките на Груевски.

    СДСМ: Мицковски наместо да се извини на Куманово продолжува со политиките на Груевски

    Христијан Мицкоски продолжува со своето лицемерно однесување со што  ги потценува граѓаните на Куманово и Македонија.

    Токму партијата на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја пустошеше државата, ги осиромашуваше граѓаните, а тоа беше најизразено токму во Куманово. 11 години Куманово беше заборавено од тогашната централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која ги игнорираше потребите на граѓаните на Куманово. ВМРО-ДПМНЕ за цели 11 години не само што не вложија денар во Куманово, туку на секаков начин се обидуваа да вршат опструкции во функцинирањето на локалната власт, само затоа што беше предводена од СДСМ.

    При посетата на Куманово, Мицкоски пропушти шанса да им се извини на граѓаните на Куманово за сите штети што неговата партија им ги нанесе на оваа општина. Наместо тоа, Мицкоски продолжи да ги лаже граѓаните на Куманово, исто како што тоа го правеше неговиот претходник Никола Груевски. Со таквиот однос, Мицкоски уште еднаш покажа дека прецизно ги следи политиките на Груевски коишто неколкупати беа силно поразени од граѓаните, - соопштуваат од СДСМ.