Се апсат лица поврзани со настаните во Диво насеље
15.10.2015 07:37
| KumanovoNews
Од утрово се спроведува голема полициска акција за апсење на соработници и луѓе поврзани со криминално-терористичката група од Тоде Mендол попозната како Диво насеље во Куманово.

МВР акцијата ја проширува и во Скопје. Засега се приведени неколку лица, а повеќе информации за целата акција ќе бидат соопштени подоцна во текот на денот.
По наредба на јавниот обвинител за организиран криминал уапсените се изведени пред судија на предходна постапка пред скопскиот ктивичен суд.
Полицијата врши претреси во скопско и кумановско.