×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чистат дивите депонии во Општината

    04.01.2018 13:34 | KumanovoNews

    Општина Куманово ја започна третата акција за чистење на дивите депонии во градот.

    Се чистат дивите депонии во Општината

      Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ се ангажирани на 5 локации и тоа: Стари Лозја, Добиточен пазар, Менкова колиба, реката Којнарка и Перо Чичо.

    „Ги повикуваме граѓаните да го почитуваат комуналниот ред и дисциплина и да се воздржат од фрлање отпад и создавање на нови диви депонии. Во наредниот период надлежните служби ќе вршат засилен инспекциски надзор и ќе следуваат репресивни мерки кон несовесните граѓани“, - изјави Даниел Стојчевски, советник на градоначалникот.

    Само од депонијата кај маркетот „Туш“ вчера се изнесени 80 тони смет.

    На територијата на општина Куманово има десетина диви депонии, кои постојано се создаваат. Општината оваа година ќе одвои 6.1 милион денара за заштита на животната средина меѓу кои и за чистење на ѓубрето од дивите депонии.