Се чистат речните корита во градот
19.09.2015 14:04
| KumanovoNews
Започна чистењето на коритата на реките Којнарка, Липковка и Кумановка. Утринава се отстранува отпадот од коритото на Липковка, од Мај маркет до вливот на Кумановка и кон мостот на Средорек.

Работите на терен ќе се одвиваат секој ден вклучувајчи ги деновите за викенд, се додека целосно не се исчистат реките и не се отстрани сметот и зараснатите дрвја од критичните точки, кои можат да предизвикаат поплави, - изјави секретарот на Општината Валентина Алексовска.
За оваа намена предвидени се 40.000 евра од кои се обезбедени 40 тони нафта. Работите ги изведува фирмата Бетон градба од Куманово.