×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се изработува сообраќајна студија за обележување на лежечките полицајци

    24.11.2017 11:19 | KumanovoNews

    Жителите на населбите Карпош и Долно Којнаре, каде пред неколку дена се поставени лежечки полицајци на централните улици, се жалат дека вештaчките препреки не се поставени согласно сообраќајните правила и прописи.

    Се изработува сообраќајна студија за обележување на лежечките полицајци

    „Во населбата Карпош на улицата 100 се поставени 6 асфалтни препреки, од влезот на населбата до поранешниот салон на НА-МА. И тоа е за поздравувaње, но поставени се повисоко од вообиченото и без сообраќајни знаци, што претставуваат опасност во сообраќајот“, - вели жител на населбата.

    Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека лежечките полицајци се поставени во фаза на изградба на улиците, а веќе се изготвуваат сообраќајни елаборати за нивно обележување.

    „Нема да застанеме тука до крајот на 2017 и во 2018 ќе продолжиме со поставување на лежечките полицајци, бидејќи безбедноста на граѓаните е прв приоритет“, - изјави Димитриевски.        

    Лежечките полицајци во населбите се поставуваат по барање на граѓаните, заради намалување на брзината на возилата и поголема безбедност во сообраќајот.