Се одбележува Недела против расизам
По повод „Неделата против расизмот“, Национален Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, денеска на Градскиот плоштад организираше промоција на кампањата за намалување на стереотипите и дискриминацијата.

На учениците од основните и средни училишта од сите националности им беа поделени маички, фудбалски топки и памфлети со пораки за борба против расизам во спортот.
НРЦ шеста година по ред се вклучува во обележувањето на неделата против расизмат во фудбал. Главната цел на оваа активност е младите да се запознаат колку постои расизмот во спортот, што можат тие да сторат за да се намали и целосно да се искорени.До минатата година организиравме и фудбалски натпревари, но оваа година е посимболично одбележувањето. Главната порака е да бидеме отворени кон светот, да не се водиме од стереотипи и предрасуди, бидејќи сите сме луѓе и нашата крв е со иста боја- вели Киро Бојковски, координатор на Фаре активностите во НРЦ.
Тој вели дека кај нас особено е присутно нетрпеливоста и насилството на навивачите на фудбалските натпревари, кое мора да се искорени заради развојот на спортот.