Се одржа Велигденски хуманитарен базар
04.04.2018 16:38
| KumanovoNews
Учениците од Основното училиште „11 Октомври“ денеска организираа хуманитарен Велигденски базар во холот на ТЦ „Сума“.

Собраните средства ќе се искористат за купување подароци за дечињата од детското одделение во Кумановската болница.
„Подароците ќе ги однесеме утре, а планираме да им подариме дел од нашите изработки, како и книги, сликовници, боенки, боички и друг училишен прибор, да им ги честитаме претстојните Велигденски празници“,- изјави директорката Елизабета Костадиновска-Костиќ.
Во изработка на ракотворбите учествуваа родителите, наставниците и учениците од „11 Октомври“.